Статут на македонскиот клуб „Илинден“ е.В.

1. Име и седиште на здружението
а) Здружението е институција на македонски работници кои се вработени во Сојузна Република Германија.
б) Здружението мора да биде запишано во регистарот на здруженија на окружниот суд во Хановер.
в) Седиштето на здружението е градот Лаацен.
г) Фискалната година е календарска година

2. Цел на здружението
Целта на здружението е забава на членовите на спортско и културно поле.

3. Членство
а) Членството може да се стекне со поднесување на писмена пријава до одборот.
б) Членовите се должни да плаќаат годишни членарини, чиј износ го утврдува генералниот состанок на членовите.
в) Членарина се плаќа месечно и во висина на фиксниот годишен придонес за еден месец.
г) Членството истекува:
аа) со смрт,
бб) со оставка, која мора да се достави во писмена форма 3 месеци пред истекот на членството,
вц) со напуштање на Сојузна Република Германија,
г.д) со исклучување доколку членот не ги исполни своите обврски кон здружението или му штети и продолжува да дејствува и покрај предупредувањата.
– Одборот одлучува за исклучувањето.

4. Собирање и управување со средства
Здружението ги собира потребните средства преку придонеси и евентуално донации од нејзините членови. Здружението e непрофитно и во смисла на делот „Даночни привилегии“ на даночната регулатива. Целта на статутот се реализира преку промовирање на спортски настани и достигнувања, како и одржување на културни настани, за одржување на културното наследство на Република Македонија.
Здружението е општокорисно, и првенствено не остварува економска добивка.

5. Органи на здружението
Органите на здружението се: 1. Генералното собрание; 2. Одборот.
Генералниот состанок се одржува на годишно ниво во текот на првата половина на секоја календарска година. Генералните состаноци ги свикува Одборот со рок на објавување од 10 дена, наведувајќи ја агендата на состанокот.
Секој член има по еден глас во генералното собрание. потребно е да се води евиденција за текот на состанокот и одлуките на генералниот состанок, што мора да го потпишат претседателот и секретарот на здружението.

Генералното собрание ги има следниве права:
а) Го избира одборот, економскиот ревизор и претставник на економскиот ревизор на готовина.
б) Мора да го земе во предвид годишниот извештај за работа што го донесува извршниот одбор и да донесе одлука за истиот.
в) Oдлучува за годишениот извештај и извештај од ревизорот и за разрешување на одборот.
г) Мора да донесе решенија за измени во статутот и распуштање на здружението.
д) Треба да ја утврди годишната членарина и датумот на доспевање.

6. Одбор
Одборот го сочинуваат првиот и вториот претседател и благајник.
Управувањето e во смисла на германскиот граѓански законик сo прв и втор претседател и благајник.
Двајца членови на овој одбор во смисла на германскиот граѓански законик имаат заеднички овластувања да го претставуваат здружението.
Одборот го избира генералното собрание со мандат од една година. Реизборот е дозволен. Членовите на одборот остануваат на должноста една година, додека не се избере нов одбор.
Одборот го води здружението.
Се состанува најмалку еднаш месечно.
Поканата за состанок ја испракја одборот во согласност со германскиот граѓански законик.

7. Распуштање на здружението
Распуштањето на здружението може да се одлучи само на посебен, вонреден генерален состанок свикан за оваа намена со период од еден месец и со мнозинство од најмалку ¾ од присутните членови.
Во случај на распуштање на здружението или губење на претходна намена, средствата на здружението ќе потпаднат, додека претходно не биле законски искористени,
под Македонската православна црква „Свети Спас“ е.В. Киeфернвег 2, 30880 Лаатен.

Лаацен

Статут на Германски јазикpdf

Comments are closed.

Close Search Window